И ЈАМАЈКА ВО ЕКО РЕВОЛУЦИЈА! – Забрана за пластични кеси, сламки и стиропор до 2019 година!

Со цел за намалување на загадувањето и неутрализирање на штетното влијание што го има пластиката врз животната средина, Јамајка воведува забрана за користење на пластика за еднократна употреба и тоа: пластични кеси, пластични сламки и стиропор.

Забраната ќе важи почнувајќи од 1 јануари следната година.

Новата еколошка политика се однесува на забрана за увоз, производство и дистрибуција на пластични кеси кои се помали од 60 центиметри. Ова ги вклучува црните “скандал” кеси кои се популарни во Јамајка, бидејќи темната боја спречува другите да видат што има внатре во кесата. Забраната не се однесува на кеси за еднократна употреба, кои се користат за пакување на сирово месо, брашно, ориз, шеќер и печива, бидејќи нивната цел е да ги одржуваат стандардите за јавното здравје и безбедноста на храната.

Дарил Ваз, министер без ресор во Министерството за економски раст и создавање нови работни места, ги поттикнува потрошувачите при пазарењето да користат  кеси за повеќекратна намена.

Пластичната пена, стиропорот,  познат како полиетилен, исто така, ќе биде забранет почнувајќи од следната година, но увозниците и производителите ќе имаат можност  да аплицираат за ограничено двегодишно исклучување од забраната. Исклучокот  се однесува и на двегодишно продолжување за употреба  на пластични сламки исклучиво прикачени на амбалажата за сок и други пијалоци.

Истото, се однесува и за медицинскиот сектор, кој  може да аплицира за исклучоци од забраната за пластична сламка, бидејќи алтернативите хартија и бамбус не се секогаш погодни за пациентите.

Владата на Јамајка планира да им помогне на компаниите во транзицијата кон одржливи алтернативи.

Освен влијанието врз животната средина, Јамајка има уште една причина за забрана на пластиката за еднократна употреба. Економијата на островската нација зависи од туризмот, а ефектот што го прават морските отпадоци врз крајбрежјето е повеќе од штетен.