Замислете си свет во кој безбедно ќе може да возите велосипед меѓу соседните градови без запирање или застанување поради пешаци, автомобили и семафори за велосипедисти.

Токму тоа го има Холандија – често наречена „земја која има повеќе велосипеди отколку луѓе“, преку проектот RijnWaalpad – велосипедски автопат долг 17 километри кој се протега помеѓу југоисточите градови Арнхем и Најмеген.

Овој, безбеден за велосипедистите автопат, се протега паралелно со, но одвоено од патиштата и железничките пруги такашто велосипедистите слободно и безбедно се движат низ зеленило со дрвја и цвеќиња и осветлени тунели со LED светилки во различни бои, каде велосипедистите може да ја одберат бојата на LED светилката со помош на мобилна апликација.

Полека, но сигурно, луѓето во Холандија ги преиспитуваат нивните можности за транспорт, такашто сè повеќе се одлучуваат за патувања со велосипед до соседните градови во регионот, а автомобилите се нивно минато.