Екипа на Гринпис Русија ги документира пожарите во шумските Тајги во регионот на Краснојарск во Сибир. И покрај изјавите на руските власти, интензитетот на шумски пожари во Сибир не се намалува. Пожарот кој има зафатено површина од 4,3 милиони хектари – област поголема од Данска, значително придонесува за климатските промени. Од почетокот на годината изгореа вкупно 13,1 милиони хектари.

Пожарите во Тајгите беснеат секоја година, но пожарите ова лето достигнаа невидена големина и сила. Пожарите во Сибир испуштаат повеќе од 166 Mt CO2 – скоро дури 36 милиони автомобили испуштаат годишно. Пожарите во сибирските шуми се особено опасни за климата бидејќи тие се извор на црн јаглерод што се наталожува на мразот на Арктикот и го забрзува неговото топење.

„Овие пожари требаше да бидат изгаснати на самиот почеток, но беа игнорирани заради слабите политики. Сега прераснаа во климатска катастрофа што не може да се запре со човечки средства “, рече експерт за вооружување на  Гринпис Русија и волонтерски пожарникар Антон Бенеславски. „Русија треба да ги зголеми напорите во заштитата на шумите и да обезбеди доволно средства за противпожарна заштита и спречување на пожари. Проблемот со пожарите треба да се реши на меѓународно ниво во глобалните договори за климата, за да се задржи глобалното затоплување под 1,5 ° C ”.

Експертите од Гринпис Русија предупредуваат дека ситуацијата, најверојатно, ќе остане катастрофална во наредните две недели, како резултат на временските услови. Додека чадот се разнесе до поголемите градови во Сибир, тој сè уште обвива населби во оддалечените шумски области, стои во извештаите на „Гринпис“ Русија од регионот Краснојарск.

Повеќе од 90% од шумските пожари во Русија горат во таканаречените контролни зони, оддалечени области каде властите не се должни да се борат со пожари. Гринпис Русија бара преглед на контролните зони за да се спречи катастрофата од пожари следната година. Многу од пожарите во контролните зони оваа година можеа да бидат изгаснат во рана фаза, со што значително ќе се намали површината опфатена со пожарот, чадот на населби и емисија на CO2 во атмосферата.

https://media.greenpeace.org/shoot/27MZIFJ8L6ZCL?_ga=2.143905077.1891987255.1565179594-413560871.1565179594#/SearchResult&STID=27MZIFJ8L6ZCL&_ga=&VBID=27MZVNDPCJ9B&POPUPPN=1&POPUPIID=27MZIFJ8L6AHF