Германија го претстави првиот воз со водороден погон во светот

Првиот воз во светот со водороден погон го направи своето  деби во северниот дел на Германија. Почнувајќи од понеделникот,  две локомотиви на Coradia iLint превезуваа патници  во градовите: Cuxhaven, Bremerhaven, Bremervoerde и Buxtehude, западно од Hamburg . Најновите водородни возови се произведени од француските инженери за транспорт во компанијата Alstom.

Возовите се потпираат на горивни ќелии кои можат да произведат електрична енергија од комбинирана мешавина на водород и кислород. Светло сините Coradia iLint возови во моментов  можат да патуваат до 1000 километри со еден резервоар од водород. Моделите се исклучително ефикасни во сочувување на вишокот на електрична енергија, којашто се складира во јонски литиумски батерии, а единствените нус-производи кои се емитираат од овој процес се пареата и вода.

Новите водородни возови беа презентирани на церемонијата во Bremervoerde , каде што генералниот директор на Alstom, Henri Poupart-Lafarge изјави: “Првиот воз на водороден погон  во светот влегува во комерцијална употреба и е подготвен за сериско производство”.

Многу германски градови изразија интерес за усвојување на моделите за сопствените транспортни линии. Компанијата објави дека до 2021 година ќе испорача сет од 14 возови во регионот на Долна Саксонија . Иако новите возови се привлечни поради нивната еколошка природа, сепак тие се со висока набавна цена.

Stefan Schrank, менаџер на проектот Алстом, ќе рече: “Секако, купувањето водороден воз е малку поскапо од дизел воз, но сепак е поевтино за возење”.

Тоа е цена што многу држави во светот  се подготвени да ја платат за почист воздух.Франција планира да го воведе првиот водороден воз во својот железнички сообраќај до 2022 година, додека Велика Британија, Холандија, Норвешка, Данска, Италија и Канада, исто така се подготвени  да го следат примерот.