(ФОТО) Жителите на овој град остануваат без капка вода, а причината за тоа е…

0
207

Омилениот крајбрежен град на јужниот дел на Африка – Кејптаун веќе подолг период се бори за задоволување на потребите за вода.

Кејптаун брзо ги искористува своите преостанати слатководни ресурси, а наскоро и неговата најголема брана – Theewatersklooof, ќе остане без капка вода.

Додека регионот веќе трета година по ред се бори со суша, жителите на Кејптаун почнаа да ги задоволуваат потребите за вода користејќи нови начини. Многумина кои можат да си дозволат да го сторат тоа, почнале да копаат приватни бунари. Други носат шишиња во локалните пивари, кои почнаа да ја делат водата што вообичаено ја користат во производството.

Според проценките, околу 4 милиони жители на овој град ќе имаат уште еден месец вода, пред резервоарите на градот целосно да се испразнат. Но, браните и понатака се испуштаат и без значителните врнежи во прогнозата, времето истекува, такашто за кратко време ќе бидат искористени сите резерви.

 

Погледнете како кризата се одвива:

Theewatersklooof – најголемата брана во овој регион преполна со вода во 2011 година и опкружена со зеленило.

Но за време на сушата до 2015 година, зеленилото околу браната ја менува својата боја во кафеава.

До 2016 година дождовите беа дури и пониски од просекот, а водата во браната беше видливо повлечена од сите страни.

Браната не останува без вода само поради сушата, но и популацијата на Кејптаун која исто така е во подем, бидејќи сѐ повеќе Јужноафриканци се преселуваат во градот.

Веќе во септември 2017 година, браната исто така угаснува и обработливо земјиште во областа.

Метеоролозите од овој град се жалат дека не можат да предвидат дождови, бидејќи климатските промени ја направија Јужноафриканската метеоролошка служба бескорисна.

Властите ги повикуваат жителите и посетителите да користат само 50 литри вода на ден, која според проценките до мај 2018 би се ограничила на 25 литри вода на ден по домаќинство.

Во јануари оваа година градот изјави дека нивото на вода во браната достигнало 13%.

Како што водата продолжува да се повлекува, притисокот и количеството на вода во градот почна да се намалува.

Ова е нивото на водата во браната на 17 јануари. Три седмици откако беше направена оваа фотографија, на 7 февруари, од градот изјавија дека нивото на водата во браната достигнало 12,3%.

12.3% можеби звучи во ред, но искористувањето на последните 10% е екстремно тешко да се случи.