Розовите езера ја добиваат јако розовата боја поради присуството на алгите кои произведуваат каротеноиди (органски пигменти), како што е Dunaliella Salina, еден вид на зелени микро-алги кои се наоѓаат во солени морски води. Поради розовата боја, овие езера се сè повеќе популарни меѓу туристите од целиот свет.

1. Lake Hillier, Aвстралија

Езерото Хилиер е откриено во 1802 година од Британскиот морнар и хидрограф Метју Флиндерс. Прилично мало со должина од 600 м. и ширина не повеќе од 250 метри, езерото е опкружено со шуми од еукалиптус. Се наоѓа на островот Мидл во Западна Австралија.

За разлика од другите розови езера кои ја менуваат бојата со промената на тепмературата, езерото Хилиер е розово во текот на целата година, а водата ја задржува својата специфична нијанса и кога се става во некој сад.

2. Lake Retba, Сенегал

Езерото Ретба или Lac Rose се наоѓа северно од полуостровот Кап Верт во Сенегал, североисточно од Дакар. Името Lac Rose го добило по неговата розова вода, предизвикана од Dunaliella Salina алгите во водата.

 

Бојата е особено видлива за време на сушната сезона. Езерото, исто така познато по својата висока содржина на сол, им овозможува на луѓето полесно да пловат.

 

3. Salina de Torrevieja, Шпанија

Salina de Torrevieja, La Salina de La Mata се солени езера што го опкружуваат Torrevieja – крајбрежен град во југоисточна Шпанија. Микроклимата формирана од La Salina de La Torrevieja и La Salina de La Mata де Ла Мата, и двете солени езера во Европа, се прогласени од страна на Светската здравствена организација за едни од најздравите езера во Европа, чија вода помага при третирање на болести на дишните патишта.

4. Hutt Lagoon, Австралија

Hutt Lagoon е солено езеро лоцирано во близина на брегот северно од устието на реката Hutt, во Западна Австралија. Езерото е долго околу 14 километри и околу 2 километри широко.

5. Dusty Rose Lake, Канада

Ова розово езеро се наоѓа во канадската провинција Британска Колумбија и е сосема необично, непознато и уникатно. Водата од ова езеро воопшто не е солена и не содржи алги, но и покрај тоа, таа сѐуште е розова. Се претпоставува дека бојата на вода доаѓа од уникатниот состав на карпите во оваа област.

6. Pink Lake, Aвстралија

Pink Lake е солено езеро во регионот Goldfields-Esperance во Западна Австралија. Се наоѓа околу 3 километри западно од Esperance и неговата боја не е секогаш розова. Карактеристичната розова боја е резултат на зелената алга Dunaliella Salina и високата концентрација на Artemia.

7. Masazirgol, Азербејџан

Masazirgol или Masazir Lake е солено езеро во регионот Qaradag, во близина на Баку, Азербејџан. Вкупната површина на езерото е 10 километри квадратни, неговата вода содржи големи количини на хлорид и сулфат.

Во 2010 година е изградена нова фабрика за производство на сол од која голем дел се извезува.

8. Las Coloradas Pink Lake, Мексико

На источниот брег на Полуостровот Јукатан во Мексико, малото рибарско село Las Coloradas и розовите води на езерото кои се мешаат во кристалната бела сол, секоја година мамат илјадници туристи од целиот свет.

9. Quairading Pink Lake, Австралија

Ова езеро се наоѓа 11 км источно од градот Quairading во Западна Австралија, под патот Bruce Rock Road кој минува низ езерото. Quairaiding Pink Lake претставува вистински природен феномен. Во одредени периоди од годината, едната страна од езерото станува темно розова, додека другата страна останува со светло розова боја.

Австралија е домаќин на стотици розови езера, доказ за тоа е и ова „поле“ од розови езера, фотографирано од авион во Западна Австралија. Всушност, полето на розови езера е некаде помеѓу Esperance and Caiguna.

Овој пејсаж се состои од стотици мали розови езера и секое од нив има различна нијанса на розова боја, што се должи на различната концентрација на алги и сол во нивната вода.