Љубовта не е подарок само на луѓето. Постои и кај животните, а овие фотографии само потврдуваат дека и животните се сакаат. Уживајте!

1. Лав, тигар и мечка

Шир Кан е тигар, Балу е мечка и Лео е лав, но што е тоа што за нив е заедничко? Пријателството! Еден дилер на дрога многу одамна ги чувал заедно и ги злоупотребувал, но тие заедно успеале да се спасат и денес живеат во засолништето за животни „Noah’s Ark“ во САД. Изгледа дека траумата низ која заедно поминале ги зближила и направила овие три животни да се најдобри пријатели до крајот на нивниот живот.

2. Лисица и мачка

За овој невообичаен пар не се знае премногу. Случајно се фотографирани од страна на рибар во Турција, а од фотографиите може да се забележи дека се добри пријатели.

3. Кучето Фрејд и пајчето Денис

Лабрадорите се општо познати по живиот темперамент и тврдоглавоста, но овој лабрадор е толку нежен што успеал да стане најдобар пријател и со пајче. Откако една лисица ја изела мајката на Денис, тој бил беспомошно и безнадежно сираче. За среќа, сопствениците на Фред го нашле и го спасиле. Но, никој не би можел ни да претпостави дека кучето ќе биде од најголема помош за ова пајче. Откако Денис бил спасен, Фред се грижи за него исто како да е негово дете.

4. Зајак и срнa

За овие пријатели не се знае премногу, бидејќи сосема случајно се фотографирани во дивината. Но, фотографијата сепак тврди дека се неразделни.

 

5. Слонот Баблс и кучето Бела

Баблс е слон од Африка кој бил спасен од ловци и моментално живее во засолништето Myrtle Beach Safari, кое се наоѓа во Јужна Каролина. Кога таа пристигнала таму имала само 140 килограми, но со тек на време успеала да качи тежина од неверојатни 4.082 килограми. Но, нејзината големина не ѝ пречи во изборот на пријатели. Таа се запознала со еден црн лабрадор, Бела, и многу брзо станале неразделни пријатели. Тие дури и си играат заедно, Баблс ѝ фрла стапче на Бела, а таа ѝ го враќа назад.

6. Шимпанзото Анџана и малите тигри

Шимпанзото Анџана од зоолошката градина во Кина се грижи за младенчињата Митра и Шива, две тигарчиња кои преживеале ураган и биле одвоени од мајката. Анџана се грижи за нив како вистинска мајка, а за тоа доказ се фотографиите.

7. Срна и лавица

Знаеме дека срните се постојана мета и оброк на дивиот животински свет, особено на лавовите и лавиците. Оваа фотографија е доказ, дека оваа лавица не е страсен љубител на месо и дека мајчинската љубов може да постои и помеѓу лавица и срнче.

8. Слон и овца

Кога мајката на малечкиот слон Темба умрела, ветеринарската екипа се надевала дека тој ќе биде прифатен од другите слонови, но тоа не се случило. Темба паднал во голема депресија и престанал да јаде, сѐ додека ветеринарите не му ја приклучиле овцата од соседната фарма. На почеток ситуацијата меѓу нив била напната, но сега тие се неразделни пријатели, а Темба конечно почнал да јаде.

9.Жирафата Беа и нојот Вилма

Жирафата Беа и нојот Вилма се сретнале на еден огромен имот на САД. Тие иако имале доволно простор за никогаш да не се сретнат, сепак одлучиле да бидат пријатели.

10. Був и гуска

Бувот Гандолф немалa многу среќа во животот, со години несела јајца, но секогаш биле празни. Еден ден, таа на подарок добила јајце од гуска. Иако бувовите обично убиваат сѐ што не е нивно во гнездото, сепак таа одлучила да се грижи за гуската како за сопствено дете.