Оваа шармантна шумска куќа им овозможува на двајца луѓе да ја доживеат убавината и едноставноста на живеењето во оддалечен планински амбиент.

Архитектот Чу Вен Џонг ја дизајнираше оваа куќарка како нискобуџетно живеалиште, кое е лесно да се изгради и се фокусира на околината, наместо на луксуз во внатрешноста.

Куќата е сместена во бујна шума во Северен Виетнам. Како едноставна и привремен престој, оваа куќа нуди минималистички простор кој го привлекува окото кон околното зеленило. Големите стаклени површини ја дефинираат линијата помеѓу внатрешноста и надворешноста и овозможуваат природно светло во внатрешноста.

Во неа може да се сместат две лица и нејзината внатрешност ги опфаќа најнеопходните елементи како шпорет на дрва, кревет кој се удвојува и дрвена маса која може да се користи за јадење и работа.

Дизајнерот се надева дека проектот, кој е изграден со низок буџет, ќе инспирира други привремени станбени проекти во областа.