VOLKSWAGEN КАЖА СТОП ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ ВРЗ ЖИВОТНИ!

Германскиот производител на автомобили Фолцваген (Volkswagen), годинава стана мета на удар, поради финансирање на експеримент кој вклучува макаки мајмуни, подложени на вдишување издувни гасови од согорувањето на дизел горивата. Организацијата за заштита на животните ПЕТА, го осуди и опиша овој експеримент како крајно суров и нехуман. Во случајов, ПЕТА извојува победа и директорот на Volkswagen , Херберт Диес, објави дека компанијата повеќе нема да тестира животни во своите експерименти, освен во случаи кога тоа би било законски оправдано.

Во Јануари,  New York Times ја објави студијата која вклучуваше 10 макаки мајмуни во Lovelace Respiratory Research Institute (LRRI) во Албакерки, Ново Мексико. Експериментот треба да ја покаже реакцијата на мајмуните  затворени во херметички комори, во коишто се испушта раздреден, издувен гас, продуциран од работењето на машините што користат дизел гориво, од автомобилите Фолцваген Буба и Форд Пикап 1990. Експериментот трае четири часа, за кој период мајмуните ги вдишуваат издувните гасови во коморите, а за цело време додека трае експериментот истите се анимираат со гледање на цртани филмови. Бубата користена во експериментот е опремена да продуцира издувни гасови помалку штетни во лабораторија, отколку на самата улица.

Овој експеримент е нарачан од страна на Европската истражувачка група на животната средина и здравјето во транспортниот сектор (EUGT), финансирана од Volkswagen и BMW и  има за цел да го оспори тврдењето на Светската Здравствена Организација, дека издувните гасови од дизел горивата се канцерогени. Поради контроверзниот начин на работење, истата група престанува со работење во 2017.

Горевенаденото видео е извадок од серијата Валкан Мајмун на Нетфликс, која го отсликува истиов експеримент.

Според ПЕТА, резултатите од ваквите истражувања и експерименти се неоправдани, нелогични и неточни и како такви не би требало да се користат за формирање мислење и давање одговори, имајќи ги во предвид генетските и биолошките разлики помеѓу луѓето и макаки мајмуните. Исто така, и Институтот во којшто бил извршен експериментот има историја на занемарување и злоупотреба на животните.

ПЕТА, излегува како победник поради силниот ангажман на повеќе од 160 000 Американци, бројни протести пред седиштето на Фолцваген, како и енормен број на мејлови испратени до компанијата, а Volkswagen со став дека ќе го ажурира кодексот на своето однесување и работење во 2018 година, во смисла на забрана на тестирање врз животни!