Финска: Од стари гуми до енергија, како замена на фосилни горива

0
187

Финска се подготвува да ги претвори отпадните гуми во мазут за да ѝ помогнe на природата, но и да ја намали побарувачката на увозни фосилни горива.

Компанијата Ecomation за рециклирање на пластика и гума од Финска, во објектите на Nokia планира овој месец да отвори нов сектор за рециклирање на отпадни гуми, кадешто околу 8.000 тони отпадни гуми ќе бидат вклучени во процесот за една година.

Користејќи го методот на пиролиза кој вклучува затоплување на одредени материјали на висока температура во средина без кислород, од искористените гуми од возилата ќе може ефективно да се добие мазут кој потоа ќе биде искористен за затоплување. Алтернативно, може понатаму да биде рафиниран во дизел или бензин.

Високата температура ги разложува гумените материјали на поединечни компоненти, како што се мазут, јаглен, гас и челик, што ја олеснува нивната екстракција за понатамошна повторна употреба. Претходни обиди за овој метод беа направени во Финска, но не беа успешни во голем обем.

 

Според извршниот директор на Ecomation, Tommi Pajala, ова е уникатен концепт кој ќе ја намали побарувачката на Финска за увозните горива, која е сиромашна со ресурси.

„Нашата фабрика е прва за пиролиза во Финска која извлекува мазут од гуми во индустриски обем, а нашиот Nokia објект е најмодерниот и најбезбедниот од ваков вид во светот”, изјави Тommi Pajala, признавајќи дека развивањето на софистицираната технологија траеше солидни осум години.

Овој метод за кратко време го доби интересот во светот, такашто фабриката Ecomotion планира во иднина својот концепт да го претстави и надвор од Финска за извозни цели.

Во моментов, Финска има рециклирано повеќе од 50.000 тони отпадни гуми. Некои од нив се третирани за повторна употреба, но повеќето се рециклирани во други материјали. Гумите што се рециклираат се користат како целина, на делови за производство на различни производи од асфалт.

Отпадните гуми исто така се користат за производство на производи како што се вештачка трева за фудбалски и спортски игралишта.

Градот на Nokia, каде фабриката Ecomotion ќе биде лоцирана, е познат во светот како седиште на гигантот Nokian Tyres кој произведува автомобилски гуми, камиони, автобуси како и опрема за истите.