Одамна отпадот во светот не е загуба, напротив станува вносен бизнис. Светото се соочува со две контраверзи на својот развој. Затоа во Давос се среќаваат светските лидери – една е климатските промени, друга е како капитализмот да се вграничи во перцепцијата на луѓето а притоа да не биде репродуктор на отпад кој почнува да ја загрозува и околината и менталниот склоп, како и да не ги храбри и бодри новите „мафијашки“ бизниси.

Овие две тенденции веројатно ќе се гледаат и во наредните години. Едната е да има економски раст што подразбира индустрија, од друга страна имаме тенденција за намалување на загадувањето и поголема свесност на сите жители на планетата за еколошките проблеми. Тие две рабои во моментов се во коализија. Досегашниот економски модел генерира економски раст, но притоа загадува, изјави за Утрински брифинг Филип Ивановски, директор на „Пакомак“.

За да имаме економски раст а во исто време и здрава еколошка средина мораме да вложуваме во технологии штоќе генерираат чиста енергија, мора да имаме технологии што се почисти и поскапи и тоа на крај ќе резултира да имаме прозиводи кои ќе бидат поскапи. За споредба, ако погледнете кои се најеколошки земји во мометов, тоа се скандинавските земји, Швајцарија, и ако видите кои се цените на производите таму, одма ќе може да поврзете зошто ова го говорам. Таму граѓаните двојно поскапо плаќаат за пиво, за ручек итн…

Извор: Слободна ТВ

Целосното интервју може да се погледне на следниот линк:

https://slobodna.tv/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D0%B1-%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA/?fbclid=IwAR2URoHCRr3I9hrXvtbwiJ5kx2o7yAMZ3Npdvb3n4pRu3xKGSx7XLdSQU8I