Во организација на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) со цел презентација на нова стандардизирана методологија на ФАО за процена на директните загуби и штети во земјоделството предизвикани од климатските промени организира Регионална работилница во Скопје, која ќе трае до 13 Јуни, и истата е дел од низата настани низ Европа и Централна Азија.

ФАО ја разви методологијата заснована на барањата на земјите, како дел од Рамката Сендаи за намалување на ризикот од катастрофи и Рамката за следење на Целите за одржлив развој. Методологијата ќе се користи за собирање податоци и следење на напредокот кон остварување на глобалните цели за отпорност кон климатските промени и претставува корисна алатка за собирање и толкување на постојните информации за

информирање на политиките, одлуките и практиките поврзани со ризиците од катастрофи.

На работилницата присуствуваат повеќе од 40 претставници од државните заводи за статистика, агенциите за намалување на ризици од катастрофи и министерствата за земјоделство, рибарство и шумарство од балканските земји (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија) и Турција  – кои ќе работат со ФАО на изготвување на план за институционализирање на националните информациски системи со цел обезбедување податоци за влијанието на природните катастрофи. Тоа ќе придонесе за креирање на подобро информирани политики за намалување на ризиците од катастрофи и соодветно планирање во земјоделство.експерти и носители на одлуки.

На настанот се обратија: НЕФРУС ЧЕЛИКУ, Државен секретар при Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство и Г-ѓа РОСАНА ДУДЗИАК, Резидентен координатор на ОH во Македонија.