FAO – работилница -“Воведување на национална програма за консолидација на земјоделско земјиште”

Регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште, ќе се одржи утре во Струмица. Проектот што е финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Работилницата ќе се одржи во Дом на АРМ Струмица, со почеток во 12:30 часот.На настанот ќе се обратат, Нефрус Челику, Државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Наташа Љ. Ангелиќ (ФАО), Заменик тим лидер на проектот МАИНЛАНД.

 Работилницата е дел од овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци.

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамките на проектот МАИНЛАНД.

Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на јавниот повик за интерес за проекти за консолидација на земјоделското земјиште во текот на месеците март и април 2019 година.