За состојбата со рекреативното езеро Треска изминативе години  многу е пишувано и ветувано. Секоја година имаше ветување дека само што не започнал процесот на реконструкција и реставрација на просторот и негово ставање во функција во нов сјај. Но останаа, само зборови!

Од она што може да се забележи овој викенд, на оваа прекрасна локација се само руини и остатоци од објектите кои беа изградени на овој простор, а кога во најубавите години во текот на еден ден по над десетина илијади скопјани и гости уживаа во благодетите на овој простор.

Но сеуште може да се видат посетители кои знаат да го посетат овој простор. Дури се забележува и по некој капач, иако капењето е забрането.

Овој простор заслужува да биде бисер на туристичко-рекреативната карта не само на Скопје, туку и на Македонија.

Некој е на потег!

Фотографиите говорат сами за себе за моменталната состојба со езерото.