Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска во Луксембург  ја објави пресудата во која се истакнува дека Италија помеѓу 2008 и 2017 година „систематски“ ја прекршувала европската директива за ситни честички во воздухот.

Со пресудата на Судот, Италија „го прекршила европскиот закон за квалитетот на воздухот“ затоа што „систематски и упорно“ ги надминувала граничните вредности поставени за ситни честички во воздухот.

ЕСП „констатира дека од 2008 година заклучно со 2017 година, дневните и годишните гранични вредности одредени за честичките ПМ10 редовно се надминати“ во одредени области во Италија, и зошто „Италија очигледно не ги усвоила мерките на време“ за да гарантира почитување на граничните вредности.

Судот на тој начин ја прифати тужбата поднесена од Европската комисија во 2018 година. Оваа пресудата може скапо да ја чини Италија, бидејќи Комисијата сега може да поднесе барање за финансиски санкции поради утврдено кршење на договорот. Инаку, Италија не е единствената европска земја која е осудена поради загадување на воздухот. Франција беше осудена во 2019 година, а Полска во 2018 година.

Пред две години, пред Европскиот суд на правдата беше поднесена тужба и против Германија, но овој случај на обвинението е за пречекорувањето на граничните вредности на ЕУ за азотни оксиди.