Европскиот парламент гласаше за забрана на пластиката за еднократна употреба

Европскиот парламент на предлог од Европската комисија, во средата, одобри мерки што би можеле да доведат до забрана на пластични предмети за еднократна употреба во ЕУ,  до 2021 година.

Забраната првенствено се однесува на употребата на пластичните предмети за еднократна употреба како што се: прибор за јадење, чашки за пијалоци, сламки за истите, стапчиња за чистење на уши,пластични мешалки за кафе, кеси за широка потрошувачка и сл.

Забраната е иницирана од растечкиот проблем со глобалното загадување со пластиката, кој  ја чини европската економија некаде помеѓу 259 милиони и 695 милиони евра на годишно ниво и ги загрозува пред сѐ туристичкиот и рибиловниот сектор .

Статистиката покажува дека 70 проценти од загадувањето на морињата и океаните е токму од ваков вид на пластика, па затоа се прогнозира дека ваквата забрана ќе придонесе да се намали отпадот од ваква природа дури за половина.

Евидентна е загриженоста на европските граѓани од негативните ефекти што ја имаат пластиката и пластичниот отпад, како врз здравјето на самите граѓани, така и врз животната средина.

Паралелно со забраната за употреба би требало да се активираат и мерки за постојано информирање и едуцирање на населението за опасноста од употребата на пластиката за еднокретна употреба.