Европска агенција за животна средина: Македонија најзагадена држава во Европа!

 

Според Европската агенција за животна средина, Република Македонија е рангирана како најзагадена држава во Европа, со загадување дури десет пати повеќе од препорачаните и дозволени  нивоа.

Енормно загадениот воздух го загрозува здравјето на граѓаните, а за главни предизвикувачи на загаденоста се наведуваат големиот сообраќај, како и  употребата на печки за греење – стои во извештајот на агенцијата.

Во извештајот се додава  дека Владата  превзема  амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50% во рок од две години.