“Еуро-Екопак”- Скопје и Детскиот Ликовен Центар од Скопје со изложба ,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување“

Под покровителство и спонзорство на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување “Еуро-Екопак” ДОО Скопје, а во соработка со Детскиот Ликовен Центар – Скопје на 21 декември во Кино-салата на Кинотека на Република Македонија свечано беше отворена традиционалната ликовна манифестација под мотото: ,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување“.
На манифестацијата со свои творби учествуваа 243 млади ликовни уметници од основните училишта во Република Македонија, кои во соработка со ликовните педагози, изработија и презентираа скулптури и ликовни дела направени од отпад од пакување. Најдобро оценетите групни и индивидуални творби беа наградени.
Творбите на младите креативци ќе бидат изложени во Кино-салата на Кинотека на Македонија ( ул.Никола Русински бр,1, Карпош 3 Скопје) до 14.01.2019 година. Од најдобро направените и оценети творби, како и секоја година, така и оваа е направен Каталог, на македонски и албански јазик.