Со измените во Eвропското законодавство кои се изгласани, во ЕУ се воведува целосната забрана на 10 пластични производи за еднократна употреба. Пластичните сламки, пластичниот прибор за јадење, пластичните стапчиња за мешање кафе се дел од збаранетата пластика. Оваа одлика е во насока на посветеноста на европските влади зарешавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад.

Целта на ЕУ е оваа забраната да стапи на сила во 2021 година, со цел државите да имаат време да го испланираат периодот на транзицијата. Освен тоа, секој од производите кои се на листата веќе имаат готова алтернатива, па ЕУ не бара од луѓето воопшто да не користат такви производи, туку да користат еколошки верзии кои нема да го убијат живиот свет, нема да ја уништат нашата животна средина и да ги загадат и нашите тела.

Ова не е последниот чекор на патот до забрана на пластиката во ЕУ. Земјите членки на ЕУ треба да ја одобрат оваа забрана и според Reuters, некои од земјите веќе се изјасниле дека целосната забрана на еднократната пластика ќе биде премногу тешка за имплементација. Но, тоа не значи дека е невозможна.

-Европа мора да се соочи со фактот дека не можеме товарот да го предадеме на некој друг. Ако не реагираме сега, ако не бидеме брзи, ќе имаме повеќе пластика во океаните отколку риби“, велат од Европската комисија.