Европската комисија до Европскиот суд на правдата на 7-ми декември ќе поведе судска постапка против Германија поради слабиот квалитет на воздухот во своите градови, пренесува Stuttgarter Zeitung.

Од Министерството за животна средина на Германија потврдиле дека Еропската комисија ја информирала германската влада дека ќе предложи преземање на правни дејствија на состанокот на 7-ми декември.

Ако Европскиот суд на правдата донесе одлука против Германија, Берлин ќе се соочи со голема казна.

Министерот за внатрешни работи на Баден-Виртемберг, Winfried Hermann ја поздрави одлуката на Европската комисија. И според него, крајно време е да се преземат конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Инаку, во јуни 2015 година Европската комисија започна истрага против Германија за прекршување на своите обврски во ЕУ, откако количини над законските лимити на азот оксид беа измерени во неколку германски градови.

Штутгарт, главниот град на Баден – Виртемберг е еден од најтешко погодените градови и планира да ги забрани сите дизел мотори со внатрешно согорување од центарот на градот со цел да се справи со проблемот.