Италијанскиот институт за гоефизика и вулканологија информираше дека вулканот Етна на Сицилија е во еруптивна фаза, одкако е забележано како тече лава од еден од страничните кратери.

Ова е повторно активирање на Етна по 10 години, кога беше и последната поголема ерупција. Заради безбедносни причини евакурано е населението на просторот околу вулканот, а поради исфрлените големи количини на пепел и чад во атмосферата и зарди слабата видливост затворени се и двата аеродроми во Катанија.

Активните вулкани одвреме знаат да потсетат на големите вулкански активности во геолошкото минато, но и да предупредат дека со силата на природата нема шегување.