Електронски отпад во уметноста!

Нула Отпад со изложба на креативни дела од е-отпад ,,Go Smart Make ECO art,,

Денес  во просториите на Јавна соба беше отворена изложба на креативни делa од е-отпад под наслов ,,Go Smart Make ECO art,,  во организација на Нула Отпад ДОО Скопје, а во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”, како и професори по уметност и ученици од СГСУ Раде Јовчевски Корчагин, каде присутните имаа можност да ги видат интересните уметнички креации од е-отпад.

Нула Отпад интензивно се ангажира во процесот на што поголема информираност на граѓаните, организациите и институциите за важноста од селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид отпад.

Секако целта на оваа изложба е да се поттикне размислувањето на оваа тема, но и да се интезивира вклучувањето на граѓаните и институциите во овие процеси на заштита на животната средина, како и реупотреба или рециклирање на е-отпадот.

Важно е да се потенцира и спојот на најмладите со постарите лица преку нишката за заштита на животната средина и природата а се во насока на обезбедување на пристојни услови за здрав живот на сите граѓани.

Марјанчо Дамески првиот човек на Нула отпад заедно со претсатвниците на Црвениот крст на Град Скопје ја потврдија и иницијативата оваа изложба да биде претсавена и низ други градови во Македонија.