Резервоарите на овие велосипеди, тешки 25 кг, се полни со вода за помалку од две минути, додека на батеријата на конвенционалниот електричен велосипед потребни ѝ се неколку часа да се наполни до пола.

Компанијата Pragma Industries од Франција проектираше електричен велосипед на водороден погон, кој ја добива потребната електрична енергија од хемиската реакција на водородот и кислородот во горивната ќелија. Оваа енергија понатаму се користи за напојување на електромоторот што му помага на велосипедистот при вртењето на педалите. Исто како кај водородните автомобили, крајниот продукт од „согорувањето“ е совршено чиста вода за животната средина.

Од компанијата информираат дека веќе се испорачани 20 вакви велосипеди во Нормандија (северна Франција), во тек е и испораката на уште 40 во регионот на Баскија, а на повидок има уште стотина нарачки.

Постојано добиваме нови барања, а постои и интерес за неколку стотици велосипеди во 2018 година низ Франција, како и за извоз во Данска и Германија“, вели Бруно – Директор за продажба во компанијата.

Резервоарите на овие велосипеди, тешки 25 килограми, се полнат со вода за помалку од две минути, додека батеријата на конвенционалниот електричен велосипед се полни до пола за неколку часа“, додава тој.

Процесот се одвива во „станица за полнење на велосипед на водороден погон“, која ја разложува водата од градскиот водовод на кислород и водород. Овој велосипед со погон на водород, еко гориво кое не ја загадува животната средина, обезбедува незаменлив опсег од 100 km со едно полнење, додека просекот на конвенционалните електрични велосипеди е 50 km.

Цената на еден велосипед на водороден погон е 7.500 евра, но компанијата планира да ја спушти на околу 3.500 евра до 2020 година.

Првите велосипеди на водород во Сен Ло ги користат вработените во болницата и едно претпријатие со 800 вработени, “Lekapiten” (Lecapitaine), а од април до октомври ќе им бидат понудени и на туристите.

Во јануари 2015 година, Сен-Ло ја имал првата јавна станица за водород за автомобили во Франција.

Станицата за снабдување со водород во јули оваа година е отворена и во Руен во Нормандија, каде се снабдуваат десетина возила на локалните власти и компании. Регионот Нормандија планира да отвори уште 9 такви станици во 2018 година.