„Депонија во Дебарца нема да има, нашето здравје не е ваша ниту европска грижа“. Ова е само една од пораките на “Еколошкото востание” против изградбата на Регионална депонија на територијата на општина Дебарца.

На одбележувањето на Денот на Планетата Земја, неколку илјади жители од општина Дебарца собрани речиси сите села од општината, излегоа на протест против изградбата на регионална депонија кај селото Годивје. Протестот започна точно на пладне со блокирање на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Ботун.

Жителите на Дебарца упатија предупредување дека никогаш нема да дозволат изградба на депонија во нивната општина, потенцирајќи дека се работи за еколошки чиста и незагадена средина.

Жежок костен во рацете на надлежните државни и локални институции, кои мораат прашањето на управувањето со отпадот да го решат нај итно. Државата се гуши во отпад, а на територијата на Република Македонија имаме само една регуларна депонија, изградена по стандардит, а тоа е Дрисла.

Како и да е, следува и жешко еколошко лето.