Почетна ЕКО Инциденти Еколошки хаос кај Катлановска Бања!

Еколошки хаос кај Катлановска Бања!

0
81

Зградата на Катлановска Бања како да е сместена во средина на депонија. Она што може да се види во околината на бањата наликува на вистинска еколошка бомба. Ѓубре расфрлано на сите страни. Пластични шишиња, остатоци од храна, остатоци од мебел, покуќнина, конзерви, остатоци од пакувања од лекови и др. Глетка која ја отсликува културата на живеење и односот кон природата. Место кое треба да претставува еколошки рај и треба да привлекува туристи, како и место каде се лекуваат многу лица користејќи ги благодетите на термалните води на Катланово, наликува на сцена од некој еко-хорор филм.

 

Овие термо-минерални води се користени уште од римјаните и векови наназад претставувале место за одмор, рекреација и лекување, а денес се преполни со отпад. Ова ѓубре сигурно не го донеле скопјани и другите посетители, туку сторителите треба да се побараат на самото место. Надлежните се на потег?