Еколошка хаварија денес изутрина се случи во Македонска Каменица кога од рудникот Саса истече јаловина. Од рудникот излегоа со соопштение дека причината за хавријата бил дефект на насипот.

Инаку рудникот Саса има поново јаловиште, каде се собира остатокот од активноста на рударите и старо и култивизирано јаловиште кое се одржува, согласно добиената А- Интегрираната еколошка дозвола.

Пред седумнаесет години исто така се случи еколошка катастрофа од рудникот Саса, кога се излеа јаловина, која преку притоката, заврши во реката Брегалница од каде со вода за пиење се’ уште се снабдуваат жителите на Штип.

Оваа хаваријата на јаловиштето на рудниците Саса се случи  на 30 август 2003 година по уривањето на дел од одводниот канал на Каменичка Река која поминува под јаловиштето. Како резултат на тоа флотациската јаловина која се депонира во јаловиштето во голема количина директно се излеала во Каменичка Река

Масата од јаловината која седвижела по реката според очевидци била во висина од околу десетина метри. Оваа маса во долниот дел во населбата Долна Саса во Македонска Каменица поплавила 20 тина куќи.

Меѓу првите кои излегоа на терен беа членивите на здружението на спортски риболовци „Шаран” кои ја констатираа, како што наведуваат, катастофалната состојба.

-Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратенаи до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението ,,Шаран”.

Во меѓувреме, во моментот Општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка Река. Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои, според информациите на риболовното друштво, веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

Извор: mms.mk и https://kanal5.com.mk/se-izlea-jalovina-vo-kamenichka-reka/a438668