ЕКО СОВЕТИ ЗА ПОЧИСТА И ПОЗЕЛЕНА КУЈНА

Најголемиот дел од нас смета дека тоалетот е највалканиот простор во домовите, но, верувајте дека тоа е една голема заблуда. Веќе со години стручњаците се трудат да ни укажат дека сепак, кујната е ”опасната зона” и го има приматот во овој поглед.

Ова, секако не значи веднаш да побрзаме и да ја преплавиме кујната со детергенти и средства за чистење, коишто вообичаено може да ги најдеме во продажба, а кои се преполни со штетни и опасни хемикалии, ризични по здравјето на луѓето. Постојат и други алтернативи за чистење, коишто можат да ни дадат идентични и задоволителни резултати, а сето тоа да биде еколошко и не токсично.

Отфрлете ги средствата за дезинфекција

Средства за дезинфекција и антибактериски сапуни се одлични во грижата за почиста средина, но, дали навистина знаеме што истите содржат. Парабени, фосфати, амонијак, хлор белило и мноштво други хемикалии, познати по своите штетни и несакани ефекти, не е изборот што би сакале да го распрскаме но нашата кујна. ЕПА класифицира 275 од антибактериските агенси кои вообичаено се користат во средствата за чистење, како пестициди, од кои некои се поврзани со сериозни здравствени проблеми. Ако овие хемикалии се доволно токсични за да ги убијат животните и микробите, дали навистина сакате да ги сретнеме во кујната. Да користиме  сопствена линија на еколошки чистачи со вообичаени предмети пронајдени во нашата кујна.

Оставата – тајно оружје

Можеме да ја исчистиме речиси секоја површина во кујната (валканите плочки, дамките во фрижидерот, електричниот шпорет …) со неколку секојдневни производи, коишто можеме да ги најдеме во оставата: сода бикарбона, бел оцет, сок од лимон, сол и вода. Сода бикарбона прави  чуда. Ако вашиот мијалник е запушен, истурете  1/4 чаша сода бикарбона растворена во малку вода, по што следи 1/2 чаша бел оцет. Нека отстои  20-тина минути, а потоа измијте го со топла вода. За справување со масни дамки користете 1/2 чаша сол и 1/2 чаша сода бикарбона и исплакнете со топла вода.

За чистење на рерната исто така можеме да се послужиме со сода бикарбона. Дното на рерната се посолува со оваа чудотворна прашкаста материја и во следните неколку часа честопати се порскува со вода, за да би се задржала влажната  површина, а потоа се остава да отстои преку ноќ. Утредента многу лесно наталожената нечистотија може да се изгребе и отстрани. За цитрусен мирис на ваквите средства за чистење  може да додадете и лимун.

Оцетот исто така одлично функционира како чистач за повеќе намени. Ги брише маснотиите, дамките од кафе и вино. За чистење на микробранова печка, ставете  1/4 чаша оцет и 1 чаша вода во стаклен сад и вклучете ја печката на две до три минути, а потоа оставете да остои уште околу 10. Пареата и киселоста ќе овозможат, честичките од храна полесно да се исчистат.

Справете се со валканите чинии

Многу е лесно да дозволиме натрупување на нечисти садови во мијалникот, но, секако со тоа ризикуваме да си го исполниме со мноштво бактерии. Доколку јадеме месо постои дополнителна загриженост од салмонела и Е-Коли.

Најдобар начин да се елиминира растот на бактериите е да се навикнете да миете садови веднаш откако ќе ги користите. Користете еколошки, биоразградлив сад за миење садови како метод, и не дозволувајте водата непотребно да тече! Просечната чешма тече од 2 литри во минута, така што трошите многу вода доколку  ја оставите да тече додека миете. Редовно чистете го одводот (видете погоре за домашен раствор) за да ги отстраните наталожените бактерии. Доколку имате машина за миење садови, веднаш исплакнете ги садовите, а потоа ставете ги во машината. Најдобро е секој ден да ја користите за да избегнете бактерии, но едноставно морате да внимавате и да ја стартувате доколку е полна.

Сунѓер за миење садови

Сунѓерот е дефинитивно најзелениот избор за миење садови и бришење на нечистите површини, но тој е жариште за микроби и бактерии. Всушност, кујнскиот сунѓер е најголемиот извор на бактерии во домовите. Влажните, мали пукнатини во сунгерот што го прават ефикасно средство за чистење се совршени мали домови за бактерии. Користењето на влажен сунѓер само ги шири бактериите од една до друга површина. За да избегнете обложување на садовите со бактерии, некои луѓе предлагаат да го впиете вашиот сунѓер во белило и воден раствор, но со тоа само  го дополнуваме со хемикалии. Наместо тоа, сунѓерот би требало да го извриеме  на две-три минути за да ги убиеме бактериите, да го пуштиме во микробранова печка на две минути, или да се стартува во машина за миење садови. По секоја употреба, потребно е темелно да се исуши, бидејќи бактериите успеваат во влажна средина.

Превземање превентива

За постојано чиста кујна, погрижете се:

– Нечистотија од сурово јајце, веднаш се дезинфицира.

– Остатоци од храна во микробранова печка, се бришат веднаш по употребата.

– Чистење додека се готви одзема неколку минутки, но штеди време на долг рок.

– Флеките во фрижидерот полесно се бришат доколку постапката е веднаш, отколку после 15-тина дена.

– Стари и расипани јадења се фрлаат веднаш, оти бактериите се шират алармантно брзо.

– И секако најглавното, внимавајте доколку за чистење користите опасни и токсични средства, едноставно ги менувате бактериите за опасни хемикалии.