Старите електрични и електронски уреди многумина од нас ги чуваме во надеж дека еден ден можеби ќе притребаат и ќе се најдат, но веројатноста да бидат повторно употребени е многу мала, и само го нарушуваат и натрупуваат просторот во кој живееме или работиме.

Старите батерии, мобилни телефони, помали и поголеми уреди кои работат на струја спаѓаат во електронски отпад кој е опасен и токсичен за животната средина и човековото здравје.

Со Еко линијата 070 236 000 на Нула отпад, можете старите електрични и електронски уреди да ги отстраните, а истите бесплатно да бидат подигнати од прагот на Вашиот дом или компанија.

Ова активност се реализира и со цел секој да може да го исчи својот дом, и да не се дозволи опасниот отпад да заврши во погрешни раце и на погрешно место.