Еко автомобили, скутери, тротинети и велосипеди на „ХИБРИД ФЕСТ“

 Актуелноста на се поприсутните хибридни средства за превоз на скопските улици, денес ќе биде потврдена и со одржување на првиот „Хибрид фест“. Еко автомобилите, скутерите, тротинетите и велосипедите како еко превозни средства денес ќе бидат презентирани во „Капитол мол“.

Првиот „Хибрид фест“ се одржува од денес 25 јуни се до четврток 27 јуни, во периодот од 18 до 21 часот кога граѓаните ќе имаат можност да се информираат и да ги тестираат еко превозните средства.

Настанот е во организација на „Капитол мол“ во соработка со „Прокредит банка“, „Тојота Хибрид“, „Хамачи“ и „MС Енерџи“.