Денес во Охрид како увертира пред почетокот на меѓународната Конференција „Комуникација за управување со отпадот“ ќе се организира акција за чистење на Охридското Езеро и Охридското крајбрежје. Акцијата ќе започне во 15.00 часот од пред Охридското пристаниште.

Оваа акција е подржана од Делегацијата на ЕУ во Македонија и е во рамките на акцијата Чисто како дома исто”, која ќе биде заокружена во 2020 година со награда за општината која ќе направи најмногу во зачувувањето на животната средина и во одржувањето на чист јавен простор.

Акцијата за чистење во водите на Охридското Езеро ќе се реализира во соработка со “Клубот за подводни активности” од Охрид, а чистењето на крајбрежјето на Охридското Езеро е со подршка на Општината Охрид, ЈП “Охридски Комуналец” и Колективниот постапувач “Нула Отпад” ДОО Скопје.

Во акцијата ќе учествуваат и ЕУ Aмбасадорот во Македонија Самуел Жбгар, министеророт за животна средина Насер Нуредини, претставници на НВОи, учесници на Конференцијата на МаSWA и заинтересирани граѓани.

Конференцијата ќе се одржи на 12 -13 септември, 2019 година во Охрид и Струга, а е во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МаSWA.