Проектот,, ЗА ЧИСТА И ЗЕЛЕНА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ,, како иницијативата за Еколошка општина, започнува со реализација во четврток на 17 Септември.  Почетокот на акцијата е  во 09:45 часот на паркингот пред Катлановска Бања.

Овој заеднички проект е организиран во соработка со Амбасадата на Словачката во Република Македпнија. На акцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски и амбасадорот на Република Словачка г-дин Хенрик Маркуш.

Акцијата се реализира под мотото “Да излеземе сите задно за почиста ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ”.

Општината ги повикува сите љубители на природата да им се придружат во реализацијата на овој проект.