Од утре под влијание на нов влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд во утринските часови во крајните источни делови, а преку денот врнежите ќе бидат застапени во западните делови.

На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. и ќе дува умерен северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде променливо и студено со локален слаб снег и умерен северен ветер, особено на запад, а температурите ќе се движат од -4°C до 6ºC.