Според Америкаснкиот национален центар за урагани, се предвидува дека по најсилниот ураган што ја погодил земјата во 1992 година, “Доријан” ќе биде наjсилниот ураган во последните 25 години кој ги погодил САД.

Поради ураганот “Доријан”, за кого се предвидува дека во понеделник би ја достигнал силата од IV категорија, на скалата од V, Американската сојузна држава Флорида веќе прогласи вонредна состојба. Источниот брег на Флорида се очекува ураганот да го погоди во недела навечер, кога силината на ветерот би достигнала до 170 км/час, додека во понеделник на американскиот празник на трудот, брзината на ветерот се очекува да достиге и до 210 км/час.

При овакви големи брзини на ветерот, доколку достигнат брзина од 210 км/час, штетите би можеле да бидат катастрофални. Многу куќи би биле срушени, однесени кровови, откорнати дрвја, прекин на електрична енергија, разрушена инфраструктури и голема опасност по животите на луѓето доколу не се засолнети или привремено отселени.

Поради сериозноста на состојбите со најавата на ураганот “Доријан”, Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа планираната посетата на Полска, а гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис ги повикува граѓаните да се подготват за најлошото сценарио. Нај големиот дел од граѓаните го послушаа гувернерот и се снабдуваат со резерви на вода, бензин, храна и лекови.