Донација од Пакомак за Општина Кисела Вода!

На повеќе локации на територијата на Општина Кисела Вода, поставени се нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика. Оваа донација од Пакомак општината ја реализира во соработка со ЈП „Комунална хигена“ – Скопје.

Исто така, минатата година Општина Кисела Вода во соработка со Пакомак во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените.