Донаторска конференција за Шар Планина

Денес со почеток во 11 часот на Попова Шапка во хотел Скардус  ќе се одржи Првата меѓународна донаторска конференција за Шар Планина под мотото „Одржливо прекугранично финансирање на проекти за Шар Планина како иден национален парк“.

Оваа конференција се организира во рамките на проект поддржан од WWF ADRIA што го спроведува платформата Пријатели на Шара.

Идејата за организирање на оваа конференција е заснована на размена на искуства и информации поврзани со сите актуелни проекти и активности за заштита на природата, туризмот и руралниот развој во регионот на Шар Планина, на прекугранично ниво и да се поттикне соработкa меѓу активните и идните проекти во Македонија, Косово и Албанија.