ДИВОГРАДБИТЕ НА МАТКА – ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ! И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ВО АКЦИЈА!
Антикорупционерите дивоградбите на Матка ги ставија под „лупа“, откако сите институции се прогласија за ненадлежни за постапување во овој случај. Од комисијата потенцираа дека оформиле Предмет бидејќи во случајот со дивоградбите на Матка постојат сомневања за злоупотреба и незаконско работење на Општина Сарај и при тоа потенцираат дека, кога општината не донесува одлуки комисијата ќе ја испитува нивната работа.


Непостапувањето за решавање на проблемот со дивоградбите од страна на општина Сарај, создаде ситуација да реагира и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски кој побара од директорот на Државниот градежен инспекторат Локман Лимани да реагира за решавање на овој проблем. После две недели од Државниот градежен инспекторат излезе само кратка информација дека добиле допис од општина Сарај во кој се потенцира дека е побарана легализација на дивоградбите. Истиот допис го испратиле и до ресорното Министерство за транспорт и врски, и истакнуваат дека со тоа завршувале и надлежностите на Државниот градежен инспекторат.
Така започнуваат и Игрите без граници на релација: Министерство за транспорт и врски – Државен градежен инспекторат – Општина Сарај – Град Скопје – Антикорупциска . . . А на Матка се гради!
Само за потсетување! За да биде побарана легализација на дивоградба истата треба да е изградена пред март 2011 година. Објектите на Матка се градат во 2019 година, а како дополнување е и моментот дека урбана опрема не може да се биде легализирана.
Антикорупциска со жежок костен во рака! Состојба шах-мат!