Запалената дива депонија на кејот на реката Вардар во Скопје, во близина на спортската сала „Борис Трајковски“, која гори четири создава непријатна миризба која се чувствува низ цела Општина Карпош.

Истата депонија беше запалена во и во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк на површина од 60.000 м2. Покрај зеленило и дрвја, планирано е да биде изградена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.

Запалената дива депонија повторно отвара многу прашања. Како е дозволено да се формираат диви депонии во урбаните градски средини? Ја покажува ниската еколошка свест на дел од граѓаните во главниот град. Ја покажува и подготвеноста на локалната самоуправа да се справи со овој вид на проблеми.

Според градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев: “Влезот во близина на аква паркот од каде влегуваа камиони го затворивме откако ја исчистивме депонијата, но сега си направиле друг пат и од таму влегуваат и прават депонии. Сто пати чистевме, стававме препреки, но џабе, пак се прават депонии. Депонии се прават и во Карпош 4, во делот кој го расчистува и рамни земјиштето за новиот парк“. Богоев истакнува дека инспекторите од Општината постојано биле на терен, но граѓани истураат камиони со шут и во 5 часот наутро во недела.

Денес Општина Карпош започна со чистење на теренот а од општината истакнуваат: „Oд утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината. Исто така, од 16 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа,.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обратил и до МВР – СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој просторл и за полициско присуство текот на викендот и претстојните денови.