Времето денес ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а од утре попладне и за време на викендот во попладневните часови ќе преовладува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денешните утрински температури ќе се движат од 7 °C до 18 °C, а дневните температури ќе достигнат до 35 °C, со УВ-индекс 7.

Во Скопје ќе преовладува слично време со ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде околу 15 °C, а дневната температура ќе достигне до 33 °C.