Денес силна соларна бура ќе ја погоди Планетата Земја!

Можни проблеми во функционирањето на радио станиците, мобилните телефони, GPS нарушувања

Денес се очекува Планетата Земја да биде погодена од густа и силна соларна бура. Ова го најавува метеорологот Тамити Сноу. Според Сноу, можноста од оваа појава го покажуваат уредите на НАСА и NOAA – Национална агенција за океански и атмосферски истражувања.

Можно е да се очекуваат GPS нарушувања и тешкотии при користење на радио станици на Земјата каде што тогаш ќе биде ноќ, пренесува Index.hr. На веб-страницата на NOAA, се вели дека поради неочекуваното соларно коронално исфрлање на маса, се очекува умерена геомагнетна бура.

Последната голема соларна бура ја погоди Земјата во 2006 година, што доведе до губење на радио комуникација за еден час на сончевата страна на Земјата и ги наруши фреквенции што се користат за комуникација и навигација.