Денес променливо облачно, од понеделник пораст на температурите

 Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со можност за појава на локален пороен дожд и грмежи.Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој најизразен ќе биде долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека Минималната температура ќе биде помеѓу 13 °C и 21 °C, а максималната ќе достигне од 26 °C до 35 °C степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 19 °C до 31 °C .

За време на викендот се очекува стабилно време, а од понеделник се очекува значителен пораст на температурите.