Денес од 12.00 часот – Бесплатен превоз и стопирање на градежните работи во Скопје!

Бесплатно возењето во јавниот превоз и двојно зголемување на цената на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје се дел од  мерки против аерозагадувањето кои денес од 12 часот ги воведува Град Скопје. Како дополнителна мерка е и стопирање се градежните работи на територијата на Град Скопје.

Портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху денес изјави дека „Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност. Ги повикувам сите градоначалници од Општините во Град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност. Град Скопје изминатите недели вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност со мерење на емисии во воздух. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли дали дистибутерите ја почитуваат одлуката за дотур на стока после 18 часот“.