Дали викендов конечно ќе имаме прскање против комарци? Доцнењето ги наполни амбулантите!

 

 

Летово навистина имаме наезда од комарци. Овие мали здодевни инсекти предизвикуваат големи проблеми на граѓаните – отоци, чешање, а дел од граѓаните помош бараат и во амбулантите.

Имено, доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека, првото прскање требало да биде извршено уште во Март, а од град Скопје информираат дека причините за доцнењето се процедурални и административни.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионското прскање ќе се одвива на 07.07.2018 и на 08.07.2018 (сабота и недела), во раните утринските часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.