Дали 5G е потенцијален убиец?

Што ја предизвика смртта на 297 птици, во паркот во Хаг?

За време на спроведувањето на експериментот и тестирањето на дометот на 5G мрежата , како и утврдувањето дали новата безжична технологија  ќе предизвика оштетувања на локалното подрачје, се случи немилиот настан – помор на голем број  птици во тестираното подрачје.

Во почетокот, кога бил извршен првиот бран на експерименти, починале мал број на птици, па поради тоа и самата вест не добива позначаен  медиумски простор. Но, кога истовремено ќе настрадаат  15о птици, состојбата станува крајно сериозна и загрижувачка.

Сега за сега, станува збор само за претпоставка и тестирањето на новата 5G технологија се посочува  како главната причина за смртта на птиците, а  информацијата секако би требало да се потврди од релевантните служби.

Но, сите факти укажуваат на тоа дека во близината на паркот, на самиот агол од улицата е поставена новата 5G антена, каде што се правени тестирањата, и  каде RF зрачењето е извршено  со максимална фреквенција од 7.40 GHz.

Според очевидците, за време на театирањето, птиците се однесувале многу чудно. Патките ги потопувале главите во вода, како би се заштитиле од зрачењето, а останатите птици прелетувале кон другата улица и канал.

Не е познато дали тестирањето е повторено. Станува збор за сличен случај како и минатата година, кога ваквото тестирање беше извршено во Швајцарија и каде жртви беа кравите.

Луѓето се запрашуваат, што и недостига на 4G мрежата, која до сега се покажа како доволно брза за опслужување на интернет корисниците?