Долго се расправа за тоа дали арахнофобијата (страв од пајаци) е вродена или станува збор за страв кој се стекнува. Научниците најмногу имаат одговор …

За да може да се даде одговор на ова прашање, научниците од Max Planck Institute for Cognitive and Brain Sciences во Германија, на шестмесечни бебиња им покажувале фотографии од пајаци, змии, риби и цвеќиња додека се наоѓале во мајчина прегратка.

За време на експериментот, пупиларната дилатација (ширењето на зеницата) на бебињата била мерена со инфрацрвен сензор, со што се покажувало нивото на норадреналин кој се лачи при ситуации кога телото смета дека е во „борбена“ состојба да се одбрани од нешто.

„Кога им ги покажавме сликите со пајаци и змии, децата реагираа со значително проширување на зеницата“, рече неврологот Stefani Hol од Max Planck Institute for Cognitive and Brain Sciences во Германија.

„Постојаното ширење на зеницата е важен знак за активирање на норадреналинскиот систем во мозокот, кој е одговорен за стресните реакции“, додаде  таа.

Бидејќи децата беа толку мали, такашто не можат да научат од возрасните да се плашат од пајаци и змии, заклучокот е дека станува збор за вроден страв.

„Сметаме дека стравот од пајаци и змии е еволуциски“, додаде Hol.

Со други зборови, иако модерниот живот значи дека повеќето од нас ретко доаѓаме во контакт со опасни пајаци и змии, нашите предци ја немале таа среќа, и затоа стравот и разочарувањето што некои од нас го чувствуваат кога ги гледаат овие суштества, всушност, претставува наследство, односно од генеарија на генерација се пренесол и на нас.