Романскиот универзитет во Трансилванија ги објави резултатите од студијата за тоа дали е безбедно да се јаде снег и под какви услови.

Според резултатите од истражувањето, безбедно е да се јаде снег кој е „стар“ половина ден.

Иштван Мате од Универзитетот во Трансилванија изјави за AP дека е безбедно да се јаде снег за време на студените месеци, кога и паѓа, но дека не е безбедно доколку снегот е „стар“ два дена.

Научниците, кои го спроведоа експериментот, собрале снег од паркот и кружниот тек во централниот дел на Романија во јануари и февруари минатата година, а потоа го ставиле во стерилни и херметички затворени кутии.

Потоа тие се обиделе да развијат бактерии во снегот. По поминат еден ден, пет бактерии се развиле на милиметар во јануари, додека во февруари нивниот број се зголемил за четирипати.