На сликите, новогодишните честитки, во филмовите или во вид на играчки, ирвасите на Дедо Мраз најчесто се прикажани со рогови. Но, што кажува науката?

Со оглед на тоа што на чело им е таканаречениот ирвас Рудолф, многумина претпоставуваат дека санките на Дедо Мраз, главното средство за неговата неверојатна планетарна дистрибуција на детски играчки, ги влечат само мажјаците – ирваси.

Но, нивните претпоставки не се точни, вели Ендру Ебда, зоолог во Музејот на Нова Шкотска во Халифакс и докажува дека санките ги влечат женките ирваси.

Кај ирвасите е карактеристично тоа што, покрај мажјаците и женките имаат рогови и се единствените видови на елени со оваа карактеристика.

За време на сезоната за парење во битката за освојување на женката мажјаците се борат меѓу себе пришто роговите им се главното оружје, а по сезоната за парење во есенскиот период роговите им паѓаат.

„За разлика од мажјаците, на женките роговите им остануваат до пролет кога ги раѓаат и младенчињата. Оттука, единсвените ирваси кои имаат рогови во зимскиот период се женки, што го исклучува фактот дека мажјаците ирваси ги влечат санките.“- вели Ебда.

На сликите, во филмовите или во вид на играчки, ирвасите на Дедо Мраз се прикажани со рогови, што според зоологот Ебда, тоа се женки ирваси.

Иако донекаде дилемата за тоа кој ги влече санките на Дедо Мраз е решена,  научниците сѐуште немаат одговор на едно друго, но многу важно прашање: Како е можно ирвасите да летаат?

Но, тоа е некоја друга приказна. 🙂