Дали пиете сирова вода? Основачот на Live Water – Mukhande Singh тврди дека хемиското третирање и пречистување на водата е процес кој ги уништува пробиотиците кои пак се „добри бактерии“ што служат за регулација на цревната флора и зајакнување на одбранбените способности на организмот.

Но, докторот по медицина Donald Hensrud на Маyo клиниката во Минесота предупредува дека сировата непречистена вода може да содржи ешерихија коли, вируси, канцерогени соединенија и паразити.

Според Singh хемиското третирање на вода уништува најмалку пет видови пробиотици кои не се наоѓаат во други извори на храна, а кои се важни за апсорпција на хранливи материи од храната. Неговата компанија Live Water сега поаѓа од извештајот објавен во Biomedical Reports за лековитите дејства на сировата вода и нуди алтернатива, односно хемиски нетретирана планинска изворска вода, достапна за 36,99 долари за 9,5 литри.

Donald Hensrud за “The New York Times” изјави: „Консумирање нетретирана вода може да има акутни, а потоа хронични ризици. . . Има докази низ целиот свет за ова, а причината зошто ги немаме овие ризици е во нашиот многу ефикасен третман на вода.“

Според The Verge сировата вода може да предизвика заболувања кај луѓето, бидејќи може да биде контаминирана со бактерии или вируси, како и штетни хемикалии како што се арсен или ураниум.