Односот помеѓу кучето и човекот, покрај тоа што и двете страни ги прави среќни, може да послужи и како терапија при третман на тешки нарушувања како што се шизофренија и аутизам, откриваат шведски научници.

Научниците главно фокусот го ставиле на проучувањето на окситоцинот познат како „хормон на љубовта“ кој се излачува и кај кучињата и кај луѓето, а кој главно е познат за зајакнување на „социјалните“ врски помеѓу луѓето и животните.

„Окситоцинот е исклучително силен „посредник“ во односот помеѓу кучето и човекот. Луѓето кои имаат физички контакт со своето куче, имаат зголемено ниво на окситоцин, кој се задржува во текот на целата комуникација меѓу животните и луѓето“, вели шведскиот професор Per Jansen, додавајќи дека овој хормон игра важна улога во борбата против стресот.

Научниците направиле експеримент кој опфатил две групи на кучиња, такашто едната група била дел од прскање со окситоцин во муцката на кучето, а другата била дел од прскање со вода, пришто им биле зададени задачи. Така кучињата од првата група веднаш го промениле своето однесување и расположение барајќи ги сопствениците, како резултат на окситоцинот, што не било случај со кучињата од втората група.

Научниците веруваат дека окситоцинот кај луѓето со психолошки нарушувања ќе има терапевтски ефект. Една од карактеристиките на аутизам и шизофренија е дека луѓето со овие болести не бараат помош од другите, додека пак земањето на овој хормон би помогнал во воспоставување на подобра комуникација.