Човекот причина за изумирање на 60% од животинската популација

Најновата студија на WWF International објави дека човекот е директниот виновник за унишувањето на дури 60 проценти од животинскиот свет, вклучувајќи: цицачи, птици, риби, водоземци и влекачи, во периодот од 1970 година до денес. Експертите  предупредуваат дека  алармантната стапка на уништување на дивите животни е итна закана за цивилизацијата, бидејќи со тоа екосистемите од кои луѓето зависат исто така подлежат на уништување.

”Доколку би имало пад од 60 проценти  во човечката популација, тоа би било еквивалентно на празнење на Северна Америка, Јужна Америка, Африка, Европа, Кина и Океанија. Во принцип тоа е обемот на она што ние  сме го направиле.  Деценијата ја загрозува иднината на човештвото. Се движиме кон работ на карпата” – ќе изјави Мајк Барет, извршен директор за наука и конзервација во WWF.

Студијата активно вклучи 59 научници од целиот свет, кои откриваат дека зголемената потрошувачка на храна и ресурси од страна на населението  ја уништува мрежата на животот, потребата од  чист воздух и вода, а за главните виновници за уништувањето се  потенцираат прекумерната експлоатација и земјоделието.

Според Гардијан, многу научници веруваат дека влеговме во период на  шесто масовно исчезнување – прво директно  предизвикано од  човекот.

Експертот за глобална одржливост и професор Јохан Рокстром, рече: ” До толку се истрошивме што мораме веднаш вниманието да го пренасочиме кон екосистемите и климата, и да се потрудиме да ја заштитиме иднината на планетата”.

Во 2020 година, многу земји во светот ќе се состанат на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност за да направат нови заложби за заштита на природата и дивиот свет.

”Ни треба нов глобален договор за луѓето и за животната средина, и ова е нашата последна шанса да го направиме тоа – Мајк Барет

.