Чадот од цигарите се претвора во чист воздух!

Пред хотелот Фузионополис во Сингапур, поставена е првата кабина за пушење во светот Smoking Cabin SG, во која чадот од цигарите се претвора во чист воздух. Кабината е опремена со клима уред и во исто време може да собере до десет луѓе. Во кабината е инсталиран трислоен систем за филтрирање кој е развиен во Данска. Овој систем на прочистување функционира на принципот кога чадот од цигарите се пренесува преку пред филтер кој ги отстранува големи честички на прашина. Потоа филтерот HEPA ги отстранува малите штетни честички со големина од 0,3 микрони, пред “Филтер со активен јаглен” кој ги отстранува тутуновите мириси и хемикалии.

Компанијата Southern Globe Corporation од Сингапур прототипот на Smoking Cabin SG го постави на 21 мај годинава и дневно оваа кабина ја користат околу 100 пушачи.

Директорот на SGC Штефен Чу истакнува „Татко сум на две деца и во многу прилики на моето семејство му пречел чадот од цигарите кои ги пуши некој во наша близина. Секогаш мислев дека мора да се најде подобро решение за да се заштитиме од чадот од цигари во Сингапур. Кога ги видов кабините Indoor Glass Cabins на Smoke Solution на интернационален саем, знаев дека таа технологија мора да ја донесам во Сингапур“.

“Ова е првиот објект кој е развиен за да се реши проблемот со пасивниот цигарен чад во Сингапур”, потенцираат од Корпорацијата Јужна глобус (SGC).

Останува да се види дали оваа Smoking Cabin SG, ќе ги помине границите на Сингапур и ќе биде еден од моделите низ светот кој ќе придонесе за заштита на непушачите од чадот од цигарите.

Извор:

https://www.channelnewsasia.com/news/singapore/smoking-cabin-singapore-one-north-cigarette-clean-air-11550712